Kitap Hakkında
Империите кои владееле на Балканот (од Римската, Византиската, Австроунгарската, Османлиската, во име на императорски императиви и моделот на владеење divide et imperat (раздели, па владај), ги фрагментирале етникумите, ги мешале идентитетите, преку конверзиите, преку селидбите. (Луан Старова)
Оваа книга проговара колку за личниот, толку и за општествениот контекст во кој се равива еден човек, особено еден уметник. Книгата ги поттикнува прашањата за тоа дали модерниот жител на Балканот се поврзува или се препознава себеси во традицијата поврзана со Османлиската Империја која е од една страна онаа која владеела неколку векови на територијата на Балканот, од друга страна со нејзиното распаѓање се случува повлекување кое индивидуата настојува да се адаптира на новите околности. (Славица Србиновска)
Ürün Özellikleri